ВРАБОТУВАЊЕ

Технолог – Програмер

Должности и работни задачи

  1. Познавање и протолкување на работилнички цртеж за машински делови
  2. Изработка на NC програми за CNC струг, CNC глодалка и техничка документација/ спецификации за изработка на машински делови
  3. Има општо познавање од производствени процеси кои влијаат на квалитетот на машинските делови
  4. Учествува во развој на производни процеси и контрола на квалитет
  5. Учествува во изработка на прво парче/прототип
  6. Знае да користи/препознава мерни инструменти според карактеристиките кои се бараат во техничкиот цртеж/пропратна документација
  7. Препорачливо да познава CAD/CAM софтверски пакети 

Квалификација (степен и вид на образование)

  • Средна стручна подготовка (во областа на машинството) или
  • Високо стручна подготовка (машински инженер)

Што нудиме:

  • Работа во една смена
  • Колективен годишен одмор
  • Прекувремена платена работа
  • Почетна плата: од 25,000ден. до 30,000ден. во зависност од квалификациите/компетенциите на кандидатот
  • Кандидатите со минимално искуство во работата од 2 години ќе имаат предност пред останатите кандидати

CNC оператор (глодалка/струг)

Должности и работни задачи

  1. Познавање/читање на работилнички цртеж за машински делови и следење на техничко пропратни инструкции и документација
  2. Штелување и оперирање со CNC машина (глодалка или струг) за делови во сериско и поединечно производство според претходно изготвен NC програм. Самостојна припрема на резен алат, стегачки тела и/или стегачки направи и позиционирање на координатниот почеток (нулирање) на парчето
  3. Следење на процесот при работа со машината. Контрола на деловите со мерна опрема и уредно водење на записи за мерките на деловите. Задавање на корекции на алатите
  4. Превентивно одржување и проверки на машините. Редовно одржување на чист, организиран и безбеден работен простор
  5. Браварска работа на машински делови. Основно познавање на работа со рачен алат и мануелни машини

Квалификација (степен и вид на образование)

  • Средна стручна подготовка (во областа на машинството)

Што нудиме:

  • Интерна обука
  • Работа во една смена
  • Колективен годишен одмор
  • Прекувремена платена работа
  • Почетна плата: + 25,000ден. во зависност од квалификациите/компетенциите на кандидатот
  • Кандидатите со минимално искуство во работата од 3 години ќе имаат предност пред останатите кандидати