ИСТОРИЈА
Свемек ја започна својата работа во далечната 1978 година во Шведска, а во 1997 фирмата го пресели своето производство во Република Македонија.
Во 2006 година, Свемек се пресели во нови простории во округот на МЗТ, чија површина опфаќа 11,000 м2.
Фирмата започна како фамилијарен бизнис, чија структура на капитал е и до ден денес е 100% приватно претпријатие.
ПРОЦЕС НА ПРОИЗВОДСТВО
Свемек е производна компанија која се занимава со производство на машински делови, алат, како и услуги.
Основната дејност на фирмата е производство на делови за пневматика и хидраулика по нацрт: цилиндри, навртки, завртки, вентили, мутери, разводници, уметоци, прототипи и многу други.
Основни индустрии за кои се наменети нашите производи се: Автомобилската, машинската (машинерија и опрема), индустрија за пакување, транспортната, медицина, земјоделската и др.
МИСИЈА
Да обезбедиме континуиран успешен настап на Домашниот како и на Интернационалниот Пазар преку:
Постојано задоволување на барањата на купувачите нудејќи им производи согласно прифатените стандарди и баран квалитет.
Преку соработка со коминтентите која придонесува за корист на сите страни.
Овозможување на мотивирана работа на своите вработени.
OПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
Покрај основните вредности за квалитетот, грижата и интегритетот на нашите производи, се стремиме постојано да бидеме етички и општествено одговорна фирма.
За постојано подобрување и помагање на околината и заедницата во која се наоѓаме, се фокусираме на одржување на вредностите преку нашите приоритети : Нашите вработени, купувачи, како и добавувачи.
За Свемек, Политиката за животна средина, е еден од основните аспекти врз која се води и работи фирмата.